Во чекор со вашиот успех
„ЗАД СЕКОЈ УСПЕШЕН БИЗНИС СТОИ ОДЛИЧЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ“
ЕКО СТЕП е лиценцирана компанија за сметководство, финансиски и даночен консалтинг. Основани во 1992, во изминатите три децении ЕКО СТЕП дава сметководствена и консултанска поддршка на докажани имиња во бизнисот, како за домашни така и за меѓународни компании.
Нашето работење е динамично и усогласено со сите законски прописи, а нашата понуда вклучува широк спектар на услуги за мали, средни и големи претпријатија, непрофитни организации, здруженија, трговци-поединци, претставништва на странски компании и др.
Признаени меѓу водечките сметководствени бироа во Македонија, нашиот искусен тим од овластени сметководители работи посветено на обезбедување на врвна услуга за своите клиенти.