splash1
splash2
splash3

ЕКО СТЕП е домашна компанија за сметководство, финансиски и даночен консалтинг. Основана е во 1992 година од страна на Ленче Попчева. ЕКО СТЕП низ годините дава сметководствена и консултанска поддршка на докажани имиња во бизнисот, како за домашни така и за меѓународни компании.

Тимската работа е една од предностите на ЕКО СТЕП, при што вработените постојано го надградуваат своето образование со посета на разни семинари според најновите финансиски трендови. ЕКО СТЕП е опремена со најсовремена технологија за обработка на податоци со што е еден чекор пред конкуренцијата.

 

ЕКО СТЕП во 2006 година се здоби со Благодарница од Заедницата на Општинските Асоцијации на Сметководители на град Скопје за активна и успешна долгогодишна соработка и значаен допринос во остварувањето на целите и задачите на Заедницата.

Основачот на компанијата, Ленче Попчева, во 2006 година ја освои титулата “ЖЕНА МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА“.

ЕКО СТЕП е ISO 9001:2008 сертифицирана компанија.

ЕКО СТЕП располага со Microsoft OS software со напредна интерна IT мрежа, data storage и 24X7 backup систем.

 

Во своето работење се раководи од основните принципи на сметководственото работење, а тоа се:

    • доверливост и загарантирана тајност во работењето со Вашите податоци
    • експедитивност
    • точност на информациите
    • навременост во изработување на Вашата документација со што се добива можност менаџментот да донесува точни и правилни одлуки во врска со работeњето на Вашата фирма
    • навремено информирање за новините во законските прописи
    • максимална одговорност кон клиентот

 

Кои бенефиции ги добивате со ЕКО СТЕП како Ваше сметководствено биро? 

Сконцентрираните сметководствени и консалтинг услуги во ЕКО СТЕП ќе Ви ослободат повеќе време во кое Вие и Вашиот менанџмент со повеќе енергија ќе се фокусирате на важните проблеми од Вашиот бизнис.

Сконцентрираните сметководствени и консалтинг услуги во ЕКО СТЕП ќе Ви овозможат заштеда на пари кои инаку непотребно би ги дале за дополнително вработување на книговодствени и административни работници во Вашата фирма и тоа  за: обврски за плати, даноци и придонеси од плати, техничко опремување на административни простории и дополнителни трошоци околу нивна обука и набавка на стручна литература. Сето ова ќе Ви овозможи зголемување на Вашиот профит.